Лесно и брзо повикување такси, зголемена безбедност, намалена цена…се само дел од придобивките што иновативните технологии ги донесоа за такси услугите.


Технолошките иновации сосема ги променија нашите животи – од начинот како работиме, комуницираме, слушаме музика и ред други активности, со се’ начинот како се превезуваме во сообраќајот. Последниве неколку години, речиси и да нема патник во развиените економии, но и во голем број од оние помалку развиените, којшто не почувствувал како технологијата, или поконкретно мобилните апликации комплетно го трансформираат корисничкото искуство на користење такси превоз.


Од традиционалното повикување на такси преку телефон и диспечерската служба, до денешното едноставно типкање од неколку секунди на смартфонот, такси индустријата поминала долг пат. Влезот на компаниите од типот на Uber или Lyft со своите напредни дигитални апликации направи голема мешаница на пазарот за такси услуги и ги натера такси компаниите од традиционален тип што побргу да ја прифаќаат и имплементираат технологијата во своето работење.

Време е предностите од дигитализацијата да ги почувствуваат и патниците, но и таксистите и во Македонија. Компанијата за технолошки решенија во транспортот, Геонет од Скопје, многу скоро ќе ја лансира апликацијата GoTaxi преку која ќе може едноставно, лесно и брзо од смартфон да се повика такси. Се разбира, апликацијата на своите уреди – телефони или таблети – ќе ја имаат и сите такси компании и индивидуални таксисти што ќе бидат заинтересирани да ја подобрат својата услуга, да го зголемат задоволството на патниците и секако, да заработат повеќе на крајот. Зголемената безбедност во возењето, споделувањето и shared express опцијата, безгрижно возење со домашното милениче…се само дел од погодностите што ќе бидат возможни со користењето на GoTaxi апликацијата.