Малку ќе поодите, таксито ќе ве собере, ќе се возите со 1,2 или 3 сопатници, на крајот се симнувате, и пак ќе поодите до вашата крајна дестинација.
Споделено такси, shared или pool ride, како што се нарекува во повеќето градови низ светот каде што е достапна оваа услуга, ви дозволува всушност да ги споделите трошоците на возењето со некој друг патник/патници што оди во иста или слична насока со вас. Ова го објаснивме во претходниот текст и посочивме кои се придобивките од ваквиот тип на такси услуга: поевтино возење за патниците, поголема заработка за таксистите, штедење на гориво, помало загадување на воздухот…
Но, доколку како патник немате ништо против да поодите малку до одредена точка од каде што ќе ве собере такси возилото, а потоа да ве остави исто така блиску до вашата крајна дестинација, па повторно да поодите малку, тогаш зборуваме за т.н. express share опција, којашто е уште поевтина за патниците.
Геонет од Скопје, во својата GoTaxi апликација што ќе ја лансира наскоро, покрај shared taxi, ќе понуди и express shared опција. Патникот откако ќе назначи со својот смартфон дека одбира да се вози со express shared и ќе ја означи дестинацијата, апликацијата за кратко време ќе му јави каде треба да се појави за да се качи во таксито, и потоа каде и да се симне. Разликата е што сега таксито нема да губи време влегувајќи во споредни улички, паркинзи пред зградите и сл., туку го собира патникот на некоја поглавна, пофреквентна улица, и на исто такво место го остава. Слично како да се возите со автобус, само што сега наместо на автобуска станица да се качите во автобус, на одредено место на улицата се качувате во такси и се возите со еден, двајца или тројца патници.
Shared express
опцијата ќе биде со уште пониска
цена од класичното shаred
возење, што значи дека ќе биде
најевтината варијанта за возење со
такси. Искуствата на некои од поразвиените
пазари со такси услуги покажуваат дека
shared возењето може да е
30-40% поевтино од обичното такси возење,
додека shared express може да
биде со цена и до 50 – 60% пониска.
Истовремено, таксистите си ги
минимизираат своите празни одови, штедат
гориво, а заработката им расте.