Предлагаме неколку начини на коишто може секоја такси компанија да остане конкурентна и релевантна во такси индустријата на утрешнината.
Трката со дигитализацијата и новите трендови не е лесна работа за секој бизнис и индустрија генерално, па така и за такси секторот. Следат неколку клучни тактики што треба да ги примени секоја такси компанија за да остане конкурентна и релевантна во такси индустријата на утрешнината.
-Зголемете го задоволството на вашите патници
Кој е тој што на крајот одлучува кој ќе остане или не во такси индустријата? Секој патник на кого што му треба такси превоз, се разбира. Разбирањето на вистинските потреби на секој патник што влегува во такси возилото е важно за да знаете како можете да бидете корисни и значајни за патниците, и како резултат на тоа како може да бидете релевантни во такси бизнисот.
Почнувајќи од зачуваноста и безбедноста на самите возила, па се’ до музиката што таксистот ја слуша додека вози, секое искуство што го пружате како компанија е битно , се’ што влијае врз вашите патници на позитивен или негативен начин.
Опциите како следење на возилото до каде е со помош на апликација, брзо и лесно повикување возило со истата, можност за оцена на возењето, можности за возење со милениче или детско седиште…. сето ова го подобрува корисничкото искуство на патниците. Геонет од Скопје е компанија за технолошки решенија, со искуство во соработката со такси индустријата, која наскоро ќе ја лансира мобилната апликација GoTaxi, со којашто претходно споменатите, но и други опции за првпат ќе бидат достапни при такси возењето во Македонија. GoTaxi не е такси компанија, а корисници на GoTaxi ќе може да бидат сите такси компании и индивидуални таксисти што сакаат да зачекорат во дигитализацијата и да го зголемат задоволството на патниците , и на крајот секако и својата заработка.
-Автоматизирајте го вашиот бизнис
Следете ги вашите бизнис процеси и видете како може да ги оптимизирате со најекономичните алатки. Колку резервации добиваат вашите возачи? Може ли да ги препознаете преференциите и навиките на вашите патници? Може ли да го анализирате секое возење од страна на вашата компанија со цел да добиете увид и информации што ќе ви помогнат да ги подобрите резултатите? Денес, а особено во бизнисот на утрешнината, вистинските податоци во вистинско време се клучни за да ја задржите вашата релевантност и профитабилност.
-Изградете препознатлив бренд
Од флаерите што ги печатите, па се’ до било каква употреба на компаниското лого за внатрешни и надворешни потреби, секогаш водете сметка вашиот бренд да изгледа добро. Секоја слика и искуство што го обезбедувате ја претставува вашата компанија. Советувајте се со професионални графички дизајнери и маркетинг експерти што може да ви помогнат со идеи и стратегии за да допрете до вашите клиенти. Потоа ќе биде полесно за вашите патници да ве запомнат и да се приврзат за вашата компанија, и ако се задоволни, ќе ве препорачаат и на други патници.
-Прифатете ги промените
Сте размислувале ли за тоа како иновациите, вештачката интелигенција и сл., ќе го сменат (поточно, веќе го менуваат) начинот на којшто функционира такси бизнисот во светот? На развиените пазари веќе тестираат автономни возила, летачки таксија, а shared taxi платформи, стартапи и партнерства никнуваат секојдневно.
Направете план денес за да видите како вашиот бизнис ќе остане релевантен кога сето ова ќе стане секојдневие. Тестирајте го вашиот пазар, тестирајте нови сервиси и бизнис идеи и докажете дека и вие може да бидете се’ уште конкурентни.
-Тимската работа е се’
Секој возач, диспечер, партнер и личност инволвирана во вашиот бизнис е витален дел од компанијата. Ценете ги сите ваши мрежи на контакти, хотели, ресторани, аеродроми, сервисери, добавувачи, па дури и останатите такси компании. Инспирирајте ги заедно со вас да креираат одличен бизнис и разгледајте ги сите нови идеи што може да станат голема конкурентска предност за вашата компанија.