Такси индрустријата би можела да вреди 2.000 милијарди долари до 2030 година.
Моменталниот број на такси возила што возат низ Њујорк, на пример, би можеле да се намалат на две третини откако возилата ќе станат целосно автономни, вели студијата на UBS.
Светскиот робо – такси пазар би можел да вреди повеќе од 2.000 милијарди долари годишно до 2030 година, а масовното прифаќање на автономните возила би можело да донесе значителен поттик на голем број економски сектори, вели анализата на банкарската групација UBS.
Процентите се базирани на симулација што ја направиле експертите на UBS на модел на робо – такси флота во Њујорк којашто ги оптимизира рутите и конекциите на возачите со возилата, заедно со мeтриката околу трошоците, профитните маржи, мрежата на полначи за возилата, итн.
Моменталниот број на такси возила во Њујорк би можел да се намали за две третини откако возилата ќе станат целосно автономни, вели студијата.
Поврзано со овој пазар на автономни такси возила се очекува да се слеваат приходи од производство на возила и гуми, обезбедување електрична енергија, изградба на станици заполнење на возила и сл. Компаниите за ride – sharing како Uber и Lift веројатно ќе бидат најистурени играчи во овој бизнис, но UBS исто така ги истакнува и проивоздителите на возила како Volkswagen и General Motors, што би имале водечка улога во оваа индустрија. Потоа, комуналните компании, производителите на гуми, на микропроцесори, на мобилни апликации… исто така имаат голема корист.
Робо – такси моделот неодамна влезе во фокусот откако Елон Маск ја вклучи технологијата на автономни возила како дел од стратегијата за иден развој на неговата компанија за произдоство на возила, Tesla.
Waymo, компанијата во сопственост на Alphabet INc. (под чија капа е и Google) е уште едно познато име со големи планови во овој сектор, а исто така и германскиот автомобилки гигант Daimler AG го истражува пазарот.